Опис: Има тело долго просечно 10 мм. Телото е кафеножолтеникаво, на стомакот повеќе црвенкасто. Поткрилата се жолти со по пет долги пруги. На надвратникот се наоѓаат 11 црни пеги со различен облик. Личинките се со ружичаста боја со црна глава. Личинките од 1 и 2 стадиум се долги до 4. 0 мм, а личинките 3 и 4 стадиум подолги од 4 мм. Јајните легла се наоѓаат на опачината на листот и содржат 25 - 80 јајца долги 1, 2 мм кои се поставени едно до друго со жолта боја. Имагото презимува во почвата. Кога температурата на длабочина од 10 цм се загрее на 14, 5 степени или кога температурата на воздухот ќе помине 14 - 15 степени почнува масивна појава на имаго. По излагањето женките веднаш не морат да се хранат можат 10 дена да бидат и без храна. Женките ги полагаат јајцата по 30 или повеќе денови. Дневно може да снесе 5 - 70 јајца, а вкупно 300 - 1100 јајца, со тоа што во топлипериоди повеќе во ладните помалце. Развојот на јајцата трае 5 - 16 дена. Поголем број на испилувања има кога е пониска релативната влажност. Личинките се пресоблекуваат три пати и преоѓаат низ 4 стадиуми на развој. Развојот трае 14 - 22 дена напролет и 12 - 18 дена летото. Развојот на првиот стадиум трае 3 - 4 дена, 3 - 7 дена на вториот, 4 - 8 дена на третиот, 5 - 11 дена на четвртиот. Развојот од јајце до имаго трае педесетина дена.
|
повеќе слики >>
|
|
|