Опис: Првите симптоми се во фаза на зреењето на првите плодови, со жолтеење на одделни листови и венење на некои ветки или цели растенија, нагла овенатост на врвовите на стеблото. Најкарактеристични промени се во срцевината на стеблото и на лисните дршки, односно изумирање на срцевината на стеблото, станува кафеава и празна. Болните растенија најчесто венат, изумираат, а плодовите не дозреваат. Бактеријата се развива при висока температура и висока релативна влажност на воздухот. Оваа бактерија се одржува во семето, во растителните остатоци и во водата за наводнување. За заштита се препорачува употреба на здраво семе, дезинфекција на семе и расад, болните растенија од посевите да се отстранат и избегнување на прекумерено ѓубрење со азотни ѓубрива. |