Опис: Штитестите вошки се ситни штетници кои се приметуваат откако со своите штитови ќе ги прекриат гранките или плодовите. Женките се фокусирани секогаш на едно место, а мажјаците се подвижни и немаат устен апарат па неможат да се хранатЛарвите во првиот стадиум се подвижни, а потоа се фиксираат и остануваат на едно место.
Калифорниската штитеста вошка воглавном има две генерации. Ларвите на првата генерација обично се појавуваат кон крајот на мај и во јуни. Тие се раздвижуваат под штитот на мајката или едноставно остануваат под него. Втората генерација ларви се појавува кон крајот на јули и август, а третата кон крајот на август, септември па и во октомври. |
повеќе слики >>
|
|
|