Опис: Заболувањето го предизвикува габата Uncinula necator.
Пепелницата на виновата лоза презимува како мицелиум во папките, од каде во пролет ги пушта своите хифи на веќе потераните ластари и листови. Габата ја прераснува површината на листот и од нив рти во внатрешноста на ткивото и цица хранливи материи. Подоцна се создаваат конидии кои со ветерот се разнесуваат по насадот. На конидиите за ртење не им се потребни водени капки бидеќи самите содржат доволно влага. Последните години утврдено е и дека пепелнивата презимува и во облик на полни плодишта на листовите, ластарите и јагуридата, кои во текот на зимата остануваат во расадот. Полните спори овозможуваат рана зараза. Првите зарази обично не се забележуваат. Најчесто пепелницата се развива во облик на сивкаста површинска превлака на зрната, листовите и краковите. Габата ја прераснува покожицата на зрното, која се стврднува, престанува со раст и ако се зарази во големина поголема од зрно грашок подоцна пука, така да се гледаат семките. Во лето габата се развива на краковите во облик на виолетово - рѓава превлака. Периодите на голема разлика меѓу дневната и ноќната температура и висока релативна влажност на воздухот погодуваат за развој на пепелницата. Времето на зараза до нова појава на конидии трае 7 - 14 дена зависно од временските услови. |
повеќе слики >>
|
|
|