Средства за заштита: ФУНГИЦИДИ Активни материи: Boscalid; Pyraclostrobin; Име на препарат: BELLIS |
Употреба: Фунгицидот Bellis претставува протективен и системичен фунгицид во вид на растворливи гранули во вода. Содржи две активни материи боскалид (25.2%) и пираклостробин (12.8%). Се користи за заштита на јаболко и круша од чадлива краставост (Venturia inaequalis, Venturia pirina) и пепелница (Podosphaera leucotricha). Кога се употребува во последните две прскања пред берба ги штити плодовите од складишни патогени како црна дамкавост (Alternaria спп.), сива мувла (Botrytis spp.), Penicillium spp, Gloeosporium spp. и др. Се препорачува доза од 0.8kg/ha со потрошувачка на вода од 300 – 1500 L на ha. Предупредување: Дозволени се до 4 апликации годишно во интервал од 10 дена. Последната апликација треба да биде најдоцна 7 дена пред берба. Фунгицидот Bellis спаѓа во групата на пестициди кон кои габите можат да создадат резистентни раси. За да се спречи оваа појава Bellis не треба да се употребува повеќе од 4 пати во случај кога тоталниот број на третирања изнесува 12 и не повеќе од 3 пати кога тоталниот број на третирања е помал од 12. Потрошувачката на вода не треба да надминува 1500 L на ha. Каренца: 7 дена |
Добавувач: ДОО "ХЕМОМАК ПЕСТИЦИДИ" - Велес Производител: BASF / веб страница |