Средства за заштита: ФУНГИЦИДИ Активни материи: Boscalid; Kresoxim methyl; Име на препарат: COLLIS |
Употреба: Фунгицидот Collis содржи две активни материи 10% крезоксим метил и 20% боскалид. Крезоксим метил е многу сличен на природниот стробилурин - фунгитоксична супстанца метаболит од габата Strobilurus tenacellus. Крезоксим метил е ефикасен за сузбивање на краставост на плодовите и пепелница на јаболката и виновата лоза. Активната материја боскалид делува на сивата трулеж (Botritis spp.) и пепелница на виновата лоза. Се употребува за сузбивање на пеплница кај виновата лоза во концентрација од 0,03 - 0,04% од почеток на цветање до затворање на гроздовите. Предупредување: Дозволени се до три третирања годишно во период од 10 - 14 дена. Каренца: 28 дена за вински и трпезни сорти на винова лоза. |
Добавувач: ТДПТУ „АЛГИНА“ДОО - Скопје Производител: BASF / веб страница |