Средства за заштита: ФУНГИЦИДИ Активни материи: Penconazole; Име на препарат: TOPAS 100 EC |
Употреба: Тopas е системичен фунгицид за сузбивање на:Пепелница на винова лоза во концентрација од 0,025% (25 mL/100 L вода), со потрошувачка на распрскувач од 100 l/ha и интервал меѓу третирањата од 10-12 дена. Препаратот треба да се користи при најсилен напад на болеста т.е. непосредно пред и веднаш после цветање. Не е препорачлива примена во текот на целата вегетација. Пепелница на јаболко (Podosphaera leucotricha) во концентрација од 0.025% со потрошувачка на 1.000 L вода/ha (2,5 mL на 10 L вода). Интервалoт помеѓу две третирања треба да изнедува 10-12 дена. Наведената концентрација е доволна за сузбивање на предизвикувачите на краставост на плодовите од јаболко (Venturia inequalis). Само кај послабите напади на крастаовост е потребно да се изврши комбинација со некои превентивни фунгициди. Предупредување: Смее да се применува најмногу 4 пати годишно во еден насад. При примена, да се спречи занесување на препаратот на соседните култури. Каренца: 21 ден за јаболко 35 дена за винова лоза |
Добавувач: ДТ „ХОЛМА“ ДООЕЛ - Струмица / веб страница Производител: Syngenta Crop Protection AG / веб страница |