Средства за заштита: ФУНГИЦИДИ Активни материи: Boscalid; Име на препарат: CANTUS |
Употреба: CANTUS претставува контактен и системичен фунгицид наменет зa сузбивање на причинителот на сивата трулеж (Botrytis cinerea) на виновата лоза (трпезни сорти). Го спречува растот и развојот на габите преку блокирање на преносот на електрони во митохондриите со што на патогенот му се одзема енергијата потребна за живот и го оневозможува производството на неопходните елементи кои учествуваат во рамена на материите во клетката на патогенот. Се употребува во концентрација од 0,1–0,12% (100–120 g во 100 l вода). Се препорачува употреба во фаза пред затворање на гроздовите и во фаза на прошарување. Дозволени се најмногу до две третирања во текот на вегетацијата. При употреба на CANTUS забележен е намален напад од пепелница (Uncinula necator) на виновата лоза. Се применува со прскање со класични (грбни или тракторски) прскалки или со атомизери. Потрошувачката на вода треба да изнесува околу 1000 L/ha. Во случај на употреба на прскалки кои произведуваат многу ситни капки или пак распрскувачи кои трошат помало количество на раствор по хектар (помалку од 1000 L/ha) тоагаш треба да се зголеми концентрацијата на растворот за толку за колку што е намалено количеството на раствор под 1000 L/ha. дозволени се до две третирања во текот на вегетацијата. Употреба со авион не едозволена. Предупредување: CANTUS не треба да се меша со препарати на база на фосетил алуминиум, диметоат, додин, ендосулфан, амитраз и циперметрин. Се препорачува во програмите за интегрална заштита. Не е штетен за корисните инсекти а ефикасен е и кон резистентбните соеви на Botrytis spp. Каренца: 28 дена за трпезни сорти |
Добавувач: ТДПТУ „АЛГИНА“ДОО - Скопје Производител: BASF / веб страница |