Средства за заштита: ФУНГИЦИДИ
Активни материи: Boscalid; Pyraclostrobin;
Име на препарат: SIGNUM

Употреба:

SIGNUM е комбиниран системичен и превентивен фунгицид со широк спектар на дејство. Формулиран е во вид на гранули растворливи во вода. Содржи две активни материи: 267 g/l боскалид и 67 g/l пираклостробин. Се користи за заштита на јагодата од причинителот на сиво гниење во количество од 1.5-1.8 kg/ha. Бидејќи поседува широк спектар на дејство обезбедува заштита и од антракноза на плодоввите и лисна пегавост. се применува во периодот на цветање пред да се создадат услови за зараза а најдоцна до 7 дена пред берба. Кај малината исто така се употребува за заштита од сиво гниење но и за заштита од кафеава дамкавост. Препорачаната доза изнесува 1,5 kg/ha. Третирањето треба да започне во периодот на цветање и да продолжи во период од 7 - 10 дена. Последната употреба не треба да биде подоцна од 7 дена пред берба за да се обезбеди каренцата. Кафеавата пегавост (Didimela spp.) се развива на изданците кои се оставаат за род во наредната година (втората половина на мај). Симптомите се забележуваат после берба. доколку заразата е силна родот во наредната година може да биде значително намален. За заштита на малината од оваа болест се препорачува количество од 1,5 - 1,8 kg/ha. За заштита на праската и вишната од сиво гниење (Botrytis spp.) и гниење на плодот (Monillia spp.) се препорачува доза од 0,562 - 0,75 kg/ha. Дозволени се до две третирања во текот на вегетацијата на една иста површина во периодот од појава на цветната пупка до периодот на полно цветање или до периодот на зреење на плодовите. За заштита од црна пегавост на доматот (Аlternaria spp.) се препорачива доза од 0,4 kg/ha три пати во текот на вегетацијата во период од 7 - 10 дена. Првото третирање треба да се обави на почеток на остварување на инфекцијата. За заштита од црна пегавост на компирот (Аlternaria spp.) се препорачива доза од 0,25 kg/ha три пати во текот на вегетацијата во период од 2 - 3 недели. Првото третирање треба да се обави на почеток на остварување на инфекцијата. Кај пиперката се користи за сузбивање на сиво гниење во доза од 1 kg/ha три пати во текот на вегетацијата во период од 7 - 10 дена. Првото третирање треба да се обави на почеток на остварување на инфекцијата. За заштита на морковот од црна дамкавост се препорачува доза од 0,75 kg/ha превентивно во текот на целата вегетација. За заштита на салатата од сиво гниење се препорачува доза од 1,5 kg/ha во периодот од 13 - 47 BBCH.


Предупредување:

Не треба да се меша со препарати на баз ана малатион, циперметрин, ендосулфан, хлорпирифос, фосетил алуминиум, диметоат, додин и оксидеметонметил.


Каренца:

7 дена за малина, 14 дена за праска, компир, морков, салата и домат.



Добавувач: ДОО "ХЕМОМАК ПЕСТИЦИДИ" - Велес
Производител: BASF / веб страница