Опис: Монокарпен едногодишен есенско - пролетен плевел. Стеблото е полегливо, четвртесто, долго до 100 цм. Листовите се пршленесто распоредени околу стеблото, по форма линеарно - ланцетести. Стеблото и листовите се покриени со влакненца, со помош на кои се прикрепува за културата. Цветовите се бели, ситни. Плодот е овален, 4 - 7 мм, по боја жолто - кафеав. Семето е долго 2, 5, а широко околу 2, 1 мм. Се размножува со семе. Се шири антропохорно и зоохорно. Никнува наесен и напролет, но масовно никнува напролет, од плиток слој. |