Средства за заштита: ХЕРБИЦИДИ Активни материи: Linuron; Име на препарат: LINUREX 50 SC |
Употреба: LINUREX 50 SC е системичен хербицид наменет за сузбивање на широколисни плевели. Содржи 50% активна материја линурон. Во плевелот се усвојува преку листот и коренот и се движи акропетално а до изумирање на плевелот доаѓа по 8 - 14 дена. Може да се употребува кај пченка, соја, сончоглед, компир и морков. Во некои земји се користи и за суабивање на широколисни плевели кај шпарокла, целер, магданоз. За да се постигне добар ефек потребно е почвата да биде добро подготвена пред третманот и да има доволно количество на влага. ПЧЕНКА: во доза од 1,35 - 1,6 L/ha по сеење а пред никнење на културата. СОНЧОГЛЕД: 0,9 -1,6 L/ha по сеење а пред никнење на културата. КОМПИР: 1,2 L/ha. МОРКОВ, МАГДОНОЗ: 1,1 – 1,2 L/ha. Спектар на дејство: Abutilon theophrasti (делумно), Alopecurus myosuroides, Amaranthus retroflexus, Ambrosia artemisiifolia, Anagallis arvensis, Anthemis cotula, Apera spica - venti, Atriplex patula, Capsella bursa - pastoris, Centaurea cyanus, Chenopodium album, Chenopodium murale, Chrysanthemum segetum, Echinochloa crus - galli, Euphorbia spp., Fumaria officinalis, Galeopsis tetrahit, Galinsoga parviflora, Galium aparine, Lamium amplexicaule, Lamium purpureum, Lolium spp., Matricaria chamomilla, Mercurialis annua, Myosotis arvensis, Papaver rhoeas, Phalaris canariensis, Polygonum convolvulus, Polygonum persicaria, Portulaca oleracea, Ranunculus arvensis, Raphanus raphanistrum, Senecio vulgaris, Setaria spp., Sinapis arvensis, Solanum nigrum, Spergula arvensis, Stellaria media, Thlaspi arvense, Urtica urens, Veronica spp., Viola tricolor. Послаба ефикасност покажува кон Cyperus esculentus, Datura stramonium, Digitaria spp., Xanthium strumarium. Не е ефиксен кон повеќегодишните плевели како Agropyron repens, Cirsium arvense, Convolvulus arvensis, Cynodon dactylon и др. Предупредување: Не треба да се употребува на почви кои имаат помалу од 1,5 % и повеќе од 6% хумус. Не треба да се користи кај млад морков наменет за продажба. Каренца: 90 дена за магдоноз, 50 дена за морков. Кај компирот, пченката и сончогледот каренцата е обезбедена со времето на употреба. |
Добавувач: ДПТУ "МАГАН - МАК" ДОО - Скопје / веб страница Производител: ADAMA MAKHTESHIM Ltd Израел / веб страница |