Средства за заштита: ХЕРБИЦИДИ
Активни материи: Nicosulfuron;
Име на препарат: MOTIVELL

Употреба:

MOTIVELL е транслокационен хербицид наменет за сузбивање на едногодишни и повеќегодишни теснолисни плевели како и едногодишни широколисни плевели кај пченка. Содржи 40 g/L активна материја никосулфурон и наменет е за фолијарна апликација. Кај пченката (без подусев) се препорачува во доза од 1,0 do 1,25 L/ha. Пониската доза се користи за сузбивање на едногодишни плевели во раните развојни фази а поголемата доза во подоцнежните стадиуми на развој на семенските повеќегодишни теснолисни плевели. Може да се користи еднократно доколку плевелите никнат еднолично кога пченката има од 3 - 6 листа а доколку никнењето на плевелите е продолжено се препорачува раздвоено прскање, два пати по половина од дозволената доза. Првото третирање треба да се направи кога пченката е со вина од 10 до 15 cm а второто после 7 - 10 дена. Потрошувачката на вода треба да изнесува 200 до 400 L/ha. На површината третирана со MOTIVELL како следена култура може да се сее после 4 месеци озима пченица и рж, после 8 месеци може да се сее пролетен јачмен и пролетна пченица а после 10 месеци може да се сее грав, соја, пченка а други култури можат да се садат/сеат после 12 месеци.


Предупредување:

Не се препорачува третирање на температури повисоки од 25°C, ниту пак доколку растенијата се ослабнати ос стрес или напад на болести и инсекти. За подобра ефикасност потребно е да се додаде навлажнувач (на пример BREAK THRU). доколку се употреби кај пченка која претходно е третирана со некој органофосфорен почвен инсектицид може да предизвика појава на силна фитотоксичност.


Каренца:

63 дена за меркантилна пченка. 35 дена за силажна пченка. Силажната пченка не треба да се собира пред фенофаза на млечна зрелост.



Добавувач: „ХЕМОМАК ПЕСТИЦИДИ“ ДОО - Велес / веб страница
Производител: BASF SE Ludwigshafen