Средства за заштита: ХЕРБИЦИДИ
Активни материи: Dicamba; Triasulfuron;
Име на препарат: LINTUR 70 WG

Употреба:

LINTUR 70 WG e хербицид за сузбивање на едногодишни и повеќегодишни плевели во есенска (стрни жита) и пролетна пченица и јачмен. Се третира од фенофаза на 3 листа докрај на братење. Третирањето се врши на есен или во пролет, кога плевелите не се поголеми од 4 листа или розета до дијаметар од 5 cm и при температура не пониска од 10 ⁰С (оптимална 18-25 ⁰С). Кај есенските сорти од пченица и јачмен се користи во количини од 0,18 g/1000 m2, додека кај пролетната пченица и јачмен во количини од 0,12 kg/ha, односно 12 g/1000 m2. Потрошувачката на вода треба да изнесува од 100 - 300 L вода/ha, или 10 - 30 L вода на m2. Спектар на дејство: Abutilon theophrasti, Amaranthus spp., Ambrosia artemisiifolia, Anthemis arvensis, Bifora radians, Chenopodium album, Cirsium arvense, Convolvulus arvensis, Datura stramonium, Digitaria sanguinalis, Euphorbia cyparissias, Galinsoga parviflora, Galium aparine, Lepidium draba, Matricaria chamomilla, Papaver rhoeas, Polygonum persicaria, Portulaca oleracea, Raphanus raphanistrum, Rumex crispus, Salsola kali, Senecio vulgaris, Sinapis arvensis, Solanum nigrum, Sonchus arvensis, Spergula arvensis, Stellaria media, Taraxacum officinalis, Thlaspi arvense, Vaccaria segetalis, Xanthium spp., самоникнат сончоглед.


Предупредување:

Не смее да се користи кај житни култури каде подпосев е легуминоза.Не смее да се користи за производство на семе од категории повисоки од елита.На иста површина смее да се употребува еднаш годишно. Не се препорачува мешање со инскетициди и кисели препарати. Не смее да се користи на површини со застоена вода, ниту да се употребува во близина на насади, шуми, тутун и репка. Треба да се спречи занесување на соседните култури.Не требад а се користи на почва лија рН е >7, на лесни почви, како и на ерозивни терени.


Каренца:

Обезбедена со времето на примена.



Добавувач: ДТ „ХОЛМА“ ДООЕЛ - Струмица / веб страница
Производител: Syngenta Crop Protection AG / веб страница