Средства за заштита: ХЕРБИЦИДИ
Активни материи: Nicosulfuron;
Име на препарат: INNOVATE 240

Употреба:

Препаратот INNOVATE 240 содржи 24% активна метрија никосулфурон од групата на сулфунилуреи кои се апсорбираат преку листовите. Делува не едногодишни и повеќегодишни теснолисни плевели како и на некои широколисни плевели. Доколку се третираат плевели кај пченката, растенијата треба да имаат од 2 - 6 листа а до сеидба на следната култура (зимски житни култури) треба да поминат најмалку 4 месеци за зимски житни култури, 8 месеци за пролетни житни култури, 10 месеци за соја и грав и 12 месеци за луцерка и други посеви. Кај пченка наменета за зрно и силажа се препорачува доза од 0,17 - 0,25 L/ha во период кога пченката е во фаза од 2 - 8 листа (BBCH 12–18). Потрошувачката на вода треба да изнесува од 200–400 L/ha. Дозволена е само една апликација во текот на годината. Спектар на дејство: Sorghum halepense (од семе) во стадиум од 3-5 листови, Sorghum halepense (од ризоми), Agropyron repens во стадиум од 3 листа до 25 cm висина, Echinochloa crus - galli, Setaria spp. од појава на1 лист, Panicum spp. od 1-3 листа, Chenopodium album до 2 листа, Amaranthus spp., Polygonum persicaria до 4 листа. Одлично ги сузбива: Agrostis stolonifera, Avena spp., Capsella bursa - pastoris, Datura stramonium, Digitaria spp., Galium aparine, Lolium spp., Papaver rhoeas, Ranunculus arvensis, Sinapis arvensis, Stellaria media. Исто така може да ги сузбива и Abutilon theophrasti, Ambrosia artemisiifolia, Cirsium arvense, Convolvulus arvensis, Cyperus esculentus, Solanum nigrum, Xanthium spp. но во комбинација со некој поефикасен хербицид.


Предупредување:

Може да се комбинира со бентазон, дикамба, бромоксилан, атразин, 2,4 D и др. INNOVATE 240 не треба да се употребува доколку претходно се употребени почвени или фолијарни органофосфорни инсектициди.


Каренца:

Каренцата е обезбедена со времето на употреба.



Добавувач: ДППУ „РАДОМАК“ ДОО - Скопје-Петровец / веб страница
Производител: CHEMINOVA A/S / веб страница