Средства за заштита: ХЕРБИЦИДИ Активни материи: Dicamba; tritosulfuron; Име на препарат: ARRAT |
Употреба: ARRAT е системичен селективен хербицид наменет за сузбивање на широколисни плевели кај пченица, јалмен и пченка. Содржи активни материи тритосулфурон, 250 g/L и дикамба 500 g/kg. Спектар на дејство кај стрни жита: Gallium aparine, Lamium purpureum, Matricaria cammomila, Polygonum persicaria, Sinapsis arvensis, булка (Papaver rhoeas), Veronica hederifolia, Stellaria media, див сончиглед (Helianthus sp.), обична смрдливка (Bifora radians), Delphinium consolida, дива лобода (Chenopodium album), Arthemis arvensis, паламида (Cirsium arvense), Sonchus oleraceus. Се препоралува во доза од 0,15 - 0,2 kg/ha со потрошувачка на вода од 200 - 400 L/ha кога културата е во фаза на три листи до развиено прво коленце (13 - 31 BBCH) а плевелите се во фаза од 2 - 6 листа. Кај пченката успешно ги сузбива: обичниот штир (Amaranthus retroflexus), амброзија (Ambrozija artemisifolia), дива лобода (Chenopodium album), бела лобода (Chenopodium hybridum), Datura stramonium, синап (Sinasis arvensis), Solanum nigrum. Ги сизбива и памламидата (Cirsium arvense) и слачецот (Convolvulus arvensis) но со нешто послаба ефикасност (90%). Кај силажната и меркантилна пченка се препорачува во доза од 0,2 kg/ha во фаза после никнење до развиени 6 листа (11 - 15 BBCH) a плевелите се во фаза од 2 - 6 листа. Предупредување: Може да се меша со фунгицидот DUETT ULTRA кај стрни жита за заштита од болести. Кај пченката може да се межа со хербицидот FOCUS ULTRA за сузбивање на теснолисни плевели но само кај оние хибриди на пченка кои се толерантни кон препаратот FOCUS ULTRA како што е хибридот NS-444. Кај сите други случаи ARRAT се комбинира со SAMSON (1L/ha) кој ги сузбива теснолисните плевели. Каренца: Не се применува |
Добавувач: „ХЕМОМАК ПЕСТИЦИДИ“ ДОО - Велес / веб страница Производител: BASF SE Ludwigshafen |