Опис: Најдобри услови за живот наоѓа во оранжериите со краставицата, домат и други култури. Има 10 - 12 генерации годишно. Исто така во лето дава неколку генерации на отворено. Штетите се предизвикани од ларвите, кои шмукаат сокови од растенијата и се свиткува и деформира лисната маса. Ларвите лачат големо количество на медена роса што ги затвора стомините отвори и служи како подлога за габите чадливки. Растенијата поцрнуваат, плодовите не може да пораснат. Белокрилката можи да биди и вектор на вируси. За нејзино следење секористи визуелен преглед, жолти лепливи плочи, жолти водени садови. Економски праг е 1 имаго на 100 растенија. Сузбивањето на белокрилката е доста сложен процес. Од превентивни мерки се препорачува сузбивање на плевелите и дезинфекција на просторот. Контрола на расадот кој се внесува во произвотството. Добри резултати се постигаат и со внесување на природниот непријател на белокрилката оса - Encarsia Formosa, или поставување атрактивни мамци – лепливи жолти плочи. |
повеќе слики >>
|
|
|