Средства за заштита: ИНСЕКТИЦИДИ Активни материи: Pirimiphos-Methyl; Име на препарат: ACTELLIC 50 EC |
Употреба: Контактен инсектицид кој се употребува во складишта, за сузбивање на магацинските штетници Житни жижци Sitophilus spp. - Мал брашнар Tribolium spp. - Магацински молци Ephestia. Spp - Житници Cryptolestes spp. - Суринамски брашнар Oryzaephilus surinamensis - Магацински молец Acarus siro - Житна тафтабита Rhyzoperetha dominica Примена: - Во празни складишта за жито во доза од 0,32 mL/m2, со додавање на 20 mL вода на m2 при третирање на стаклени и метални површини и 20 mL вода на m2 при третирање на дрвени површини. Складиштето може да почне да се полни 7 дена по третирањето. За третирање зрна пченица, овес и јачмен во доза од 8 mL/t зрна со додавање на 0,5-1 L вода на m2 за рамномерно третирање во силоси и 1-1,5 L вода при складирање во останати магацини, при што дебелината на слојот зрна треба да изнесува од 0,5-1 m. Предупредување: Празните магацини може да се тритраат само со автоматски апарати за прскање или со замаглување.. Не е дозволена употреба на рачни прскалки или грбни прскалки за третирање на празни магацини. Препаратот Actellic 50 EC не смее да се користи за третирање на мелена стока. Зрната пченица, овес и јачмен, наменети за складирање, можат да се третираат само еднаш годишно. На цементни и бетонски површини производот Actellic 50 EC не е ефикасен. Каренца: 63 дена за зрна пченица, овес и јачмен |
Добавувач: ДТ „ХОЛМА“ ДООЕЛ - Струмица / веб страница Производител: Syngenta Crop Protection AG / веб страница |