Име на болест: Антракноза на краставица - Colletotrichum lagenarium
Култура: КРАСТАВИЦА
Опис: Паразитира на сите надземни делови на рстението. Првите симптоми се запазуваат на постарите листови во вид на округли, зонирани дамки со темно сива боја. Ткивото во рамките на дамките некротира, и во случај на јаки зарази листовите целосно се сушат. На плодовите се појавуваат крупни дамки вдлабнати во ткивото. Во средината на дамката се образува темна превлака од органите за репродукција на габата. Дамките често се спојуваат и имаат изглед на длабоки рани. При некрозата на ткивото и развојот на секундарни паразити плодовите се деформираат, скапуваат и пропаѓаат. Болеста масовно се манифестира во влажни години и нанесува значителни штети. Кога не е во периодот на вегетација се одржува на заразените растителни остатоци и на семето.



повеќе слики >>

Препарати

QUADRIS

CHAMP FORMULA 2FL

FUNGURAN-OH 50 WP

PROPLANT 722 SL

PROXANIL

ANTRACOL COMBI

ANTRACOL CU

ANTRACOL WG 70

ZUPINEB S-70

ALIETTE FLASH

AZIMUT 80 WG

AZIMUT TRIPLE

MIKAL FLASH

MIKAL PREMIUM F

PREVICUR ENERGY

VERITA ®

BRAVO 500 SC