Средства за заштита: ФУНГИЦИДИ
Активни материи: Fenamidon; Fosetyl Al;
Име на препарат: VERITA ®

Употреба:

VERITA e системичен и контактен фунгицид кој содржи две активни материи фосетил алуминиум (66,7 %) и фенамидон (4,44 %). Наменет е за заштита на виновата лоза од габни заболувања. Ги штити сите делови од виновата лоза па дури и многу младите плодови кои сеуште се покриени со цветни ливчиња. За само 30 минути навлегува во растението и веќе по 2 часа не може да биде измиен од дождовите. Не делува негативно на квалитетот на виното. За заштита од пламеница (Plasmopara viticola) се препорачува концентрација од 0,25 - 0,3 % (250 - 300 g во 100 l вода) со потрошувачка на вода од 1000 l/ha. Дозволени се до 3 третирања во период од 14 дена почнувајќи од период на цветање. Секундарно делува на пепелницата на виновата лоза (Uncinula necator).


Предупредување:

Verita® не треба да се меша со бакарни препарати, фолијарни ѓубрива и акарициди на база на амитраз. Фунгицидот Verita e компатибилен со повекето средства за заштита но пред мешање превентивно да се напарви тест за фитотоксичност на мала површина.


Каренца:

42 дена



Добавувач: ДПП „АГРОХЕМИЈА” ДООЕЛ, Скопје - Скопје
Производител: BAYER - Crop Science AG - Германија / веб страница