Средства за заштита: ФУНГИЦИДИ
Активни материи: Fosetyl Al;
Име на препарат: AZIMUT 80 WG

Употреба:

AZIMUT 80 WG е фунгицид со системично дејство. Се употребува за сузбивање на пламеница кај винова лоза, хмељ, салата, краставица како и др. видови од фамилијата Cucurbitacea. За заштита на краставица, диња, лубеница и тиква од пламеница (Pseudoperenospora cubensis) се употребува во концентрација од 0,25 - 0,37% односно 25 - 37 g во 10 L вода. Kaj салата се користи за сузбивање на пламеница (Bremia lactucea) во концентрација од 0,25 - 0,37% односно 25 - 37 g на 10 L вода и тоа само во производство на главичеста салата. Кај хмељот се користи за сузбивање на пламеница (Pseudoperenospora humili) во доза од 0,7 - 1,5 g од препаратот за едно растение за спречување на примарните инфекции и во концентрација од 0,25% односно 25 g на 10 L вода за спречување на секундарните инфекции. Кај пиперката се користи за сузбивање на пламеница (Phytophtora capsici) во концентразија од 0,25 - 0,37 % односно 25 - 37 g во 10 L вода. За заштита на виновата лоза од пламеница (Plasmopara viticola) се користи во концентрација од 0,25 – 0,3 % со потрошувачка на вода од 300 – 1100 L/ha. Може да се употреби и за сузбивање на пламеница кај мандарнина, портокал, лимун, лимета, грјпфрут и сл. во концентрација од 0,25 – 0,3 %, со потрошувачка на вода од 1000 – 1500 L/ha. За сузбивање на влажна трулеж на кореновиот врат (Phytoptora cactorum), гумоза (Apple rubbery wood) и трулеж на плодовите кај јаболката и крушата (Phytophthora syringae) се користи во концентрација од 0,25 - 0,3 %, со потрошувачка на вода од 800 – 1200 L/ha.


Предупредување:

Дозволени се максимало до три третирања годишно кај агруми, јаболка и круша а до 4 третирања кај винова лоза. Не делува на пламеница на компирот (Phytophthora infenstans)


Каренца:

28 дена за хмељ, винова лоза, јаболка и круша; 15 дена за мандарина, портокал, лимун, грејпфрут, лимета и сл.; 4 дена за краставица, 14 за салата главичар (на отворено и во заштитен простор) 21 ден за лубеница, диња и тиква.



Добавувач: ДПУ "АГРИМАТКО" ДООЕЛ, Скопје - Скопје
Производител: CHEMINOVA AGRO S.A. / веб страница