Средства за заштита: ФУНГИЦИДИ Активни материи: Propamocarb; Име на препарат: PROPLANT 722 SL |
Употреба: Proplant 722 SL е фунгицид од групата на карбамати. се апсорбира преку коренот и листовите. Го инхибира растот на мицелијата, создавањето и ртењето на спорите и го спречува создавањето на клеточните мембрани. Покажува ефикасност во сузбивање на причинителот на сечење на расадот (Pythium spp.) и пламеници (Phytophthora spp., Bremia, Peronospora, Pseudoperonospora spp.) За сузбивање на сечење на расадот се употребува со залевање на 10 L приготвен раствор по m2. Не треба да се употребува во производството на лута пиперка и сорти на пиперка со кратка вегетација. Може да се меѓа со препарати на база на манкозеб и манеб. Кај краставицата, пиперката и доматот се употребува во концентрација од 0,15% (15 ml во 10 L). Предупредување: Може да се примени до четири пати на една иста површина во интервал од 7 - 14 дена во зависност од временските услови и интензитетот на напад. Ефикасно ги сузбива почвените паразити а системичното дејство овозможува заштита на надземните делови од растението во првите фази од неговиот развој. Каренца: 14 дена за краставица и домат и 35 дена за пиперка. |
Добавувач: ТДПТУ „АГРО ЈУНИКОМ“ ДООЕЛ увоз-извоз - Скопје / веб страница Производител: AGRIA S.A / веб страница |