Средства за заштита: ФУНГИЦИДИ
Активни материи: Fosetyl Al;
Име на препарат: ALIETTE FLASH

Употреба:

ALIETTE FLASH e системичен фунгицид со превентивно и куративно дејство кој во својот состав содржи 800 g/kg фосетил-алуминиум. Активната материја брзо навлегува во растението, се распределува насекаде и го штити целото растение. Поради специфичниот начин на делување не е забележана појава на резистентност. Наменет е за сузбивање на пламеница кај краставица, диња, лубеница, тиква (Pseudoperonospora cubensis), пламеница на салатата (Bremia lactucae), пламеница на хмељ (Pseudoperonospora humuli), пламеница на кромид (Peronospora destructor), пламеница на украсните растенија (Peronospora destructor), пламеница на јагода (Phytophthora spp.), бактерозна пламеница кај јаболчестите овошни видови (Erwinia amylovora) како и за заштита на тревата на спортски терени и во дворови од гниење (Pythium spp.) и пламеница (Phytophthora spp.). За сузбивање на пламеница на краставица, диња, лубеница, тиква и салата (на отворено и во заштитен простор) се користи во концентрација од 0,25-0,37% (250-370 g u 100 L вода) или во количество од 2,5-3,7 kg/ha (25-37 g во 10 L вода на 100 m²) во интервал од 7 - 10 дена а кај салатата во интервал од 10 -12 дена. За сузбивање на пламеница на хмељ препорачанoто количество изнесува 0,7 - 1,5 g по растение за спречување на примарни зарази и концентрација од 25 % (250 g во 100 L вода) за спречување на секундарни зарази во интервал од 14 дена. Третманот со ALLIETE FLASH треба да се направи превентивно од формирање на првите две вистински ливчиња. Кај јаболчестите овошки треба да се примени во концентрација од 0,25 % за време на цветање и после цветање во период на интензивен пораст на младарите на секои 5 - 7 дена. Апликација на пестицидот може да се направи и по периодот на невреме доколку настанало оштетување на растителните органи. Може да се користи во комбинација со бакарни препарати но во нешто пониска концентрација од 0,2% а фунгицидите на база на бакар треба да бидат во концентрација 10 пати пониска од вообичаената. за заштита на јагодата треба да се употреби во концентрација од 0,25% (250 g во 100 L вода). Првото третирање треба да се употреби во месецот на садење а потоа на секои 25 дена. За заштита на тревата се користи во доза од 12 - 24 kg/ha. За заштита на кромид и украсни растенија треба да се употреби во количество од 2 kg/ha (0,2%) со потрошувачка на вода од 1000 L/ha. Alliete flash треба да се примени 1-2 пати во текот на вегетацијата кога ќе се појават првите симптоми или превентивно во интервал од 10 дена. Препаратот може да се примени од почетокот на образување на луковиците па се до големина од 75% од нивната конечна големина. Во расадничкото производство на овошни видови, украсни растенија и шумски видови препорачаната доза изнесува 2-3 kg/ha со потрошувачка на вода од 200-1000 L/ha. Апликацијата на препаратот треба да се направи превентивно или при појава на првите знаци од болеста. Во расадничкото производство дозволени се до две апликации во интервал од 10-14 дена. Во расадничкото производство на овошни видови потребно е да не се развијат плодови или доколку се развијат истите да се соберат и да се уништат.


Предупредување:

Дозволени се до три третирања во текот на годината на една иста површина, кај лукот и украсните растенија до 2 а кај хмељот до 6 третирања. Третирање од авион не е дозволено. Aliette Flash не треба да се меша со инсектициди кои имаат кисела реакција (dichlorvos, heptenofos, dimetoat), со алкални препарати, Бордовска чорба, препарати на база на сулфур, со поголем број на фолијарни ѓубрива. Во случај на комбинација со други препарари да се направи тест за фитотоксичност. Кај дозволените комбинации при подготовката на препаратот во резервоарот на прскалката треба да се запази следниов редослед: прво треба да се стави препаратот со SC формулација, потоа да се додаде препартот на база на фосетил-алуминиум а потоа може да се додадат препарати со формулација WP или WG и на крајот препарати со формулација EC и EW.


Каренца:

за краставица 4 дена пред берба; за јагода - 7 дена пред берба; јаболчести овошни видови, диња, лубеница и тиква - 21 ден; салата (на отворено и во заштитен простор) - 14 дена; хмељ - 28 дена; за јаболка 30 дена пред берба. Работната каренца изнесува 24 часа.



Добавувач: ТДПТУ „АЛГИНА“ДОО - Скопје
Производител: BAYER - Crop Science AG - Германија / веб страница