Име на болест: Пламеница на кромидот - Peronospora destructor
Култура: КРОМИД
Опис: Пламеницата е најопасната болест за кромидот. Во Македонија се јавува во влажните локалитети и во години со ладно и влажно време, кога причинува значителни штети. По своите последици, што настануваат за кратко време, таа е многу штетна, деструктивна, поради што габата го добила и името. Заболени главици од кромид тешко се чуваат преку зима. Кај ова заболување може да настанат системични и локални зарази. Системичните зарази настануваат од заразените главици од претходната година. Растенијата се светлозелени а листовите се малку задебелени, се искривуваат надолу и целите се прекриени со сиво - црна покривка од конидиофори и конидии на габата. Листовите брзо се сушат и растенијата остануваат без листови предвреме, поради што главиците остануваат ситни и тешко се чуваат при складирањето.
Паразитот презимува во вид на мицелија во заразените главици, како и кај дивите видови лукови. За остварување на инфекцијата е потребна влага по површината на листовите. Инфекцијата се остварува при релативна влажност на воздухот од 95% и повеќе за време од 11 часа. При вакви услови настануваат поголем број на инфекции. Растенијата брзо страдаат од пламеницата и остануваат без лисна маса. Заштита. Користење на здраво семе и здрав посадочен материјал (арпаџик. кокар) Да не се одгледува кромид во близина на семенски посеви. Да се избегнуваат депресивни локалитети, ниски, слабо проветриви.



повеќе слики >>

Препарати

ENERVIN

ORVEGO

AGROPIN KUPROPIN

BAKAREN OXIHLORID 50

BAKARNA VAR S 50

BAKARNA VAR – HROMOS 50 WP

CEKUPER 50% WP

CURENOX 50

GALBEN C

KUPROPIN

NEORAM WG

PASTA CAFFERO

PASTA CAFFARO

FANTIC F WG

FANTIC M WG

GALBEN C

GALBEN F

GALBEN M

GALBEN M

CABRIO TOP

ENERVIN

POLIRAM DF