Средства за заштита: ФУНГИЦИДИ Активни материи: Copper oxychloride; Име на препарат: NEORAM WG |
Употреба: NEORAM WG e фунгицид кој во својот состав содржи 37,5% бакарен оксихлорид. Наменет е за сузбивање на пламеница на винова лоза, домат, комир, лук, краставица, кадравост и шупливост на листовите кај праската, краставост на плодовите од јаболка и круша, бактериоза на грав и др. Кај винова лоза се препорачува концентрација од 0,2 - 0,3 % за сузбивање на пламеница, црвена палењ и црно гниење на грозјето. Кај јаболката и крушата во концентрација од 0,5 - 0,6 % за суабивање на краставост на плодовите (пред почеток на вгетеција). кај коскестите видови на овошки и праска во концентрација од 0,5 -0,6% за сузбивање на кадравост и шупликавост на листовите. Кај компирот во доза од 2,5 - 3,0 kg/ha а кај доматот 1,25 - 1,75 kg/ha за сузбивање на пламеница. Кај маслинката се препорачува концентрација од 0,2 – 0,3 % за сузбивање на пауново око и рак на почеток на есента, во зима и на пролет. Касј мандарината се препорачива во концентрација од 0,25 - 0,30 % за сузбивање на антракноза, бактеризи и “ mali secco”, (пред почеток на вегетација). Предупредување: Да не се применува за време на цветање на растенијата. На коскестите овошни видови дозволена е примена само за време на мирување на вегетацијата. Препаратот полесно се испира од бордовската чорба. Каренца: 14 дена за компир, домат и хмељ. 15 дена за маслинка; 21 ден за лук; 42 дена за зелка; 35 дена за винова лоза; За овошните видови каренцата е обезбедена со времето на употреба. |
Добавувач: ДППУ „РАДОМАК“ ДОО - Скопје-Петровец / веб страница Производител: ISAAGRO S.p.A. / веб страница |