Средства за заштита: ФУНГИЦИДИ
Активни материи: Copper oxychloride;
Име на препарат: PASTA CAFFARO

Употреба:

PASTA CAFFARO претставува контактен превентивен фунгицид на база на бакар во вид на бакарен оксихлорид 357,5 g/L. Најчесто се користи за сузбивање на микозии и бактериози кај винова лоза, овошни и градинарски култури. Кај виновата лоза се користи за сузбивање на пепелница (Peronospora spp.), еска, црно гниење и паразитско црвенило на листовите. Дозата за превентивно третирање треба да изнесува од 200 - 300 ml/ha а доколку се употребува во случај на дождливо време и период на инфекции дозата се зголемува на 400 ml/ha. Кај праската и нектарината се користи за сузбивање на рак и монилија со зимско прскање во доза од 550 - 700 ml/ha. Истата доза се употребува и кај сливата, црешата и кајсијата. Кај јагодата, оревот, лукот, кромидот, доматот, модриот патлиџан, краставица, диња, лубеница, тиква, зелка, целер, магдонос, лиснат зеленчук и мешункасти видови се употребува во доза од 350 - 400 ml/ha. Кај маслодајните култури, шеќерната репка, компирот и тутунот се препорачува доза од 2,5 - 3 L/ha. Кај цветните видови од 350 ml/ha а кај чемпресот 700 - 1000 ml/ha.


Предупредување:

Препаратот Pasta Caffaro е компатибилен со алкални формулации како и со оние на база на тирам. Препаратот може да биде фитотоксичен доколку се аплицира откако растенијата целосно ќе се развијат. Потребно е да се внимава кај осетливите сорти на јаболка како Abbondanza Belfort, Black Stayman, Golden delicious, Gravenstein, Jonathan, Rome beauty, Morgenduft, Stayman, Stayman red, Stayman Winesap, Black ben Davis, King David, Renetta del Canada, Rosa Mantovana, Commercio Abbondanza Belfort. Осетливи сорти на круша се Abate Fetel, Buona Luigia d’Avranches, Butirra Clairgeau, Passacrassana, B.C. William, Dott. Jules Guyot, Favorita di Clapp, Kaiser, Butirra Giffard. На малку познати видови на хортикултурни и украсни растенија во случај на сомнеж, да се употребува пред да се направат прелиминарни тестови. Листест зеленчук како цикорија, ендивија, зелена салата, рукола, спанаќ и др. можат да покажат фитотоксичност. Свежи билки како босилек, мајоран, рузмарин, нане, магдонос и др. исто така се многу осетливи на препаратот.


Каренца:

За винова лоза, орев, зелка, лиснат зеленчук, мешункасти видови, магонос, целер, маслодајна репка, шеќерна репка и тутун каренцата изнесува 20 дена. За компир 7 дена; За јагода, лук, кромид, домат, модар патлиџан, диња, лубеница, тиква и краставица каренцата е 3 дена. За останатите култури каренцата е обезбедена со периодот на апликација.



Добавувач: ДППУ „РАДОМАК“ ДОО - Скопје-Петровец / веб страница
Производител: ISAGRO S.P.A / веб страница