Средства за заштита: ФУНГИЦИДИ
Активни материи: Copper oxychloride;
Име на препарат: PASTA CAFFERO

Употреба:

Фунгицид за сузбивање на бројни фунгицидни и бактериски болести кои ги напаѓаат тревните и дрвенестите култури. Се користи кај: винова лоза против пламеница (Plasmopara viticola) и пропратно дејство против екскориоза (Phomopsis viticola), црно гниење (Guignardia bidwellii), септориоза, паразитско црвенило. Превентивно да се делува со доза од 0,2-0,3%. Во случај на многу тешка инфекција и кога времето е многу врнежливо, дозата може да се зголеми на 0,4%; Кај цитрусно овошје се користи против антракноза (Gloeosporium limetticolum), сиво гниење (Botryosphaeria ribis), Mal secco (Phoma tracheiphila), пламеница (Phytophtora spp.), a пропратно дејство има против чадливата краставост. Да се третира месечно со доза од 0,35%, почнувајќи од крајот на јануари; Кај јаболката се користи за сузбивање на чадлива краставост (Venturia spp.). За таа цел се препорачува доза од 0,2-0,3% пред цветање. За сузбивање на монилија и рак кај јаболчестото овошје се интервенира при целосно паѓање на лисјата и при новото набабрување на папките со доза од 0,45%. За сузбивање на некроза на кореновиот врат (Phytophtora cactorum) се препорачува доза од 0,45%. Третманите да се локализираат на вратот од растението, дистрибуирајќи 10-15 L суспензија по растение. За сузбивање на чадлива краставост, и септориоза се користи во доза од 0,2-0,3% пред цветање. Монилија и раковини кај јаболчестото овошје се сузбиваат со интервенирање при целосно паѓање на листовите и при ново набабрување на папките во доза од 0,45%; бактериска пламеница (Erwinia amylovora) се сузбива со пролетни и есенски третмани во доза од 0,2-0,3%. За круша и дуња, третманите треба да престанат со почеток на цветањето.бадем: против краставост и монилија – зимски третмани со доза од 0,55-0,7%; кајсија: против краставост и монилија – зимски третмани со доза од 0,55-0,7%; цреша: против монилија и накадрување на лисјата (Taphrina) - зимски третмани со доза од 0,55-0,7%; скапување на вратот (Phytophtora spp.) со доза од 0,5-0,6%. Третманите да се локализираат на вратот од растението, дистрибуирајќи 10-15 L суспензија по растение; кајсија, нектарини и праски: против сачменка (Stigmina spp.), раковини кај коскестото овошје, монилија, кадравење на листовите (Taphrina spp.) - зимски третмани со доза од 0,55-0,7%. Слива: против против сачменка (Stigmina), монилиа, бактериска дамкавост - зимски третмани со доза од 0,55-0,7%. За праските, нектарините, кајсиите, црешите и сливите третманите да се ограничат на зимскиот период. јагода: против лисни дамки (Pycosphaerella fungariae), Phytophtora. Да се интервенира при вегетативна обнова со доза од 0,35-0,4%. маслина: против краставост, сиво гниење, темно гниење, Colletotrichum gloesporioides, краста (Pseudomonas savastanoi), дамкавост или паунско око (Spilocaea oleadina). Да се интервенира со доза од 0,35%, во периоди на зголемен инфентивен ризик (есен, пролет); киви (актинидија): против скапување на вратот (Phytphtora spp.) со доза од 0,5-0,6%. Третманите да се локализираат на вратот од растението при што се аплицираат 10-15 L суспензија по растение; јаткасти растенија: раковини и тоа за есенско-зимски третмани со доза од 0,45% и за пролетно-летни третмани со доза од 0,35-0,4%; зеленчук: да се интервенира со доза од 0,35-0,4%, започнувајќи со третманите при појава на поволни услови за инфекција. Кај лук, кромид, кромитче, ситен кормид сузбива пероноспора а има и пропратно дејство против сиво гниење, бактериски гниења. Кај домат сузбива лисна дамкавост, вирози, пламеница, бактериоза, црно гниење, а има и пропратно дејство против сиво гниење и алтернариа; Кај модар патлиџан сузбива антракноза, угинување на садниот материјал, а има и пропратно дејство против сива мувла, алтернариоза; Кај диња се користи со максимална доза од 2,3 L. Кај лубеница се употребува со максимална доза од 2 - 3 L од средството по хектар. Кај тиква се користи со максимална доза од 2 - 3 L /ha; Кај тиквичка и краставица сузбива аголна дамкавост и пламеница а има пропратно дејство кон сиво гниење и алтернариоза; Кај аспарагус се користи за сузбивање на `рѓа, а има и пропратно дејство против сиво гниење (третманите да се ограничат веднаш по собирање на изданоците); Кај артичока се користи за сузбивање на пламеница а има и пропратно дејство против бактериози. Кај копар, целер, магданос сузбива церкоспориоза на целер, септориоза на целер а има пропратно дејство против бактериози. Се користи и кај лиснат зеленчук, свежи треви и мешунскасти зеленчуци за сузбивање на во доза од 2,5-3 L/ha. Да се интервенира кога условите се повол пламеница, церкоспора, антракноза и бактериози. За заштита на индустриски маслодајни култури од пламеница и антракноза се користи во доза од 2,5-3 L/ha. Кај компир се користи за сузбивање на пламеница, алтернариоза и септориоза во доза од 2,5-3 L/ha. Се препорачува интервенција при поволни услови за развој на инфекција и повторување на третманите по потреба. Кај шеќерна репа се користи за сузбивање на церкоспора, пламеница и `рѓа во доза од 2,5-3 L/ha. Се препорачува интервенција при поволни услови за развој на инфекција и повторување на третманите по потреба. Кај тутунот се користи за сузбивање на пламеница во доза од 2,5-3 L/ha. Се препорачува интервенција при поволни услови за развој на инфекцијата со повторување на третманите по потреба. За заштита на украсни растенија од пламеница, церкоспора, антракноза, `рѓа и бактериоза се препорачува доза од 350 mL/100 L вода. Да се интервенира при поволни услови за развој на болеста и повторувајќи ги третманите по потреба. Кај чемпрес за сузбивање на рак се препорачува доза од 700-1000 mL/100 L вода. Да се интервенира при поволни услови за развој на боелста и повторувајќи ги третманите по потреба.


Предупредување:

Не е компатибилен со алкални формулации (полисулфури) и со оние кои содржат тирамапли. Во случај на мешање со други производи, да се почитува најдолгиот период за каренца. Третманот со овој производ да се прекине на почетокот од цветање на јаболчестото овошје.


Каренца:

3 дена за домат, модар патлиџан, јагода, тиквести растенија, лук, кромид, млад кромид, ситен кромид, 7 дена за компир и 20 дена за другите прехрамбени култури.



Добавувач: ДППУ „РАДОМАК“ ДОО - Скопје-Петровец / веб страница
Производител: ISAAGRO S.p.A. / веб страница