Средства за заштита: ФУНГИЦИДИ Активни материи: Benalaxyl M; Copper oxychloride; Име на препарат: GALBEN C |
Употреба: Препаратот GALBEN C претставува комбинација од две активни материи: беналаксил М (4,2%) и бакарен оксихлорид (33%) поради што поседува системично и контактно дејство. Активната материја беналаксил за многу кратко време се апсорбира од зелените делови на растението при што ги штити и ново формираните листови. Се користи за сузбивање на пламеница кај винова лоза, компир, домат и лук. За сузбивање на пламеница на винова лоза (Plasmopara viticola) се препорачува концентрација од 0,4 - 0,5 % (400 - 500 g во 100 L вода). Кај осетливите сорти на винова лоза третирањето треба да започне по цветање за да се избегнат несакани последици при оплодувањето. Дозволени се најмногу до три апликации во текот на годината. За сузбивање на пламеница на компир и домат се препорачува доза од 5 - 6 kg/ha (500 - 600 g препарат во 100 L вода на 1000m2). За сузбивање на пламеница на кромид (Peronospora destructor) се препорачува доза од 5 kg/ha (50 g во 8 - 10 L вода на 100 m2). Не треба да се употребува кај млад кромид. Кај компир, домат и кромид дозволени се до две третирања во текот на годината. Дозволена е употреба и кај растенија кои се одгледуваат во заштитени простори. Може да се користи и за заштита на пиперка, спањак и зелка од пламеница. Предупредување: Каренца: За домат и компир - 14 дена; за кромид 21 ден; за винова лоза 35 дена. |
Добавувач: ТДПТУ „АЛГИНА“ДОО - Скопје Производител: FMC Corporation САД / веб страница |