Средства за заштита: ФУНГИЦИДИ Активни материи: Copper oxychloride; Име на препарат: CURENOX 50 |
Употреба: Препартот CURENOX 50 е фунгицид кој содржи 87,8% бакар оксихлорид и е наменет за сузбивање на поголем број болести како антракнози, пламеници, алтернарија, бактериози и др. кај различни видови на култури. Лук: контрола на алтернарија, антракоза, пламеница и бактериози во доза од 300-350 g/hl (100 L вода). Модар патлиџан: алтернариа, антракноза, пламеница и бактериози, 300-400 g/hl (100 L на вода) со потрошувачка на 600 L подготвен препарат на ha. Дозволени се до шест апликации годишно во интервал од 7 дена. При тоа вкупната апликација на бакар не треба да надминува 7,5 kg неоргански бакар (15 kg комерцијален производ). Брокула: алтернариа, антракноза, пламеница и бактериози во концентрација од 300-400 g/hl (100 L вода). Кромид: контрола на алтернариа, антракоза, пламеница и бактериози во концентрација од 300-350 g/hl (100 L вода). Карфиол: контрола на алтернариа, антракноза, пламеница и бактериози во концентрација од 300-400 g/hl (100 L вода). Видови од фамилијата на тикви: контрола на алтернарија, антракноза, пламеница и бактериози во концентрација од 300 g/hl (100 L вода). Коскесто овошје: контрола на монилија, дамкавост, бактериози и др. во концентрација од 300 - 400 g/hl (100 L вода). Апликацијата треба да се направи до фаза на цветање со максимална потрошувачка од 1200 L подготвен препарат на ha. Дозволени се до три апликации во една сезона (со интервал помеѓу третманите од 14 дена), а максималната потрошувачка не треба да надминува 7,5 кг неоргански бакар / ha во сезона (15 кг комерцијален производ). Други овошни дрвенести видови: контрола на монилија, чадлива краставост и бактериози, 300 - 400 g/hl (100 L вода). Апликацијата да се направи до фаза на цветање со потрошувачка до 1200 L приготвен препарат на ha. Дозволени се до три апликации во една сезона (со интервал помеѓу третманите од 14 дена), и максималната потрошувачка да не надминува 7,5 kg неоргански бакар / ha (15 kg комерцијален производ) во една сезона. Грашок: контрола на алтернарија, антракноза, пламеница и бактериози во концентрација од 300 - 400 g/hl (100 L вода). Зелен грав: контрола на алтернарија, антракоза, пламеница и бактериози во концентрација од 300 - 400 g/hl (100 L вода). Листест зеленчук: контрола на алтернарија, антракноза, пламеница и бактерози во концентрација од 300-400 g / hl (100 L вода). Компир: контрола на пламеница, 300-400 g / hl (100 L вода). Домат: контрола на алтернарија, антракноза, пламеница и бактерози во концентрација од 300-400 g/hl (100 L на вода) со потрошувачка на 600 L подготвен препарат на ha. Дозволени се до шест апликации годишно во интервали од 7 дена со максимално количество од 7,5 kg неоргански бакар (15 кг комерцијален производ) во сезона. Предупредување: Во ладни и влажни подрачја може да биде фитотоксичен кај некои видови овошни дрвја, винова лоза и други култури. Токсичен е за пчелите и рибите. Каренца: лук, кромид, грашок и зелен грав 3 дена; Модар патлиџан и домат во затворен простор 3 дена а на отворено 10 дена. Брокула, карфиол, листест зеленчук, компир 15 дена. За видови од фамилијата на тикви на кои може да им се конзумира кората каренцата е 7 дена а на видови на кои не се конзумира кората каренцата е 3 дена. Каренцата кај коскестите овошни видови е обезбедена со времето на употреба. |
Добавувач: ТДПТДУ „АГРОЈУНИКОМ“ ДООЕЛ - Скопје Производител: IND. QUIMICAS DEL VALLES |