Средства за заштита: ФУНГИЦИДИ Активни материи: Ametoctradin; Dimethomorph; Име на препарат: ORVEGO |
Употреба: ORVEGO е фунгицид со превентивно и локално системично дејство кој во својот состав содржи две активни материи: 300 g/L Ametoktradin и 225 g/L Dimetomorf. Ефикасен е кон пламеница на винова лоза (Plasmopara viticola), компир (Phytophthora infenstans), домат (Phytophthora infenstans) и краставица (Pseudoperonospora cubensis) и при најтешките услови на напад. Затоа може да се примени во оптималните услови за развој на болеста: смена на дождливи и сончеви периоди, умерени температури и висока влажност на воздухот. Предноста на овој препарат е што тешко се испира од дождовите (еден час по апликацијата нема опасност од испирање). Има исклучително силна моќ да го спречи развојот на болеста во време на нејзиното настанување. За заштита на виновата лоза и компирот од пламеница препорачаната доза е 0,8 L/ha најдобро пред појава на симптомите. ORVEGO силно се сврзува за восочниот слој на зрното со што овозможува сигурна заштита на формираните гроздови. За заштита на доматот препорачаната доза е 0,8 L/ha во периодот од BBCH 10 - 89, a кај краставицата препорачаната доза е исто така 0,8 L/ha но периодот BBCH 20 - 89. Предупредување: Дозволени се до три третирања во текот на вегетацијата. Интервалите на третирање треба да се прилагодат според временските услови, главо од 10 - 14 дена. При многу силен напад од пламеница интервалот на третирање може да се намали на 7 дена. Може да се меша со препаратите: Signum, Fastac, Alverde, Karate Zeon, Plenum 50 WG и др. но иако се смета дека не постои опасност од фитотоксичност општа препорака е при секое мешање на препаратите да се провери можноста од појава на фитотоксичност со третирање најпрво на мал дел од парцелата. Каренца: Каренцата за виновата лоза изнесува 35 дена, за компирот 7 дена а за доматот и краставицата 1 ден. |
Добавувач: ДОО "ХЕМОМАК ПЕСТИЦИДИ" - Велес Производител: BASF / веб страница |