Опис: Се наоѓа на сите површини под компир, домат или модар патлиџан. Компировата златица има 1 - 2 генерации годишно. 1 генерација годишно развива во планинските предели. Имагото презимува во почвата. Се активира на пролет, на температура околу 15 C, во април или мај. Штетите ги пречинуваат ларвите и имагата со својата исхрана, ако не се спречи нивната исхрана, растенијата остануваат без лисна маса, со голи дршки. Имагото може целосно да ги прегризе младите поникнати растенија. Тој е штетник кој мора континуирано да се следи и да се уништува. Најдобар метод за следење е визуелниот преглед. Економски праг е 2 - 5 презимени имага / огниште за првата генерација, 5 имага / огниште или 20 - 30 ларви / огниште. Механички мерки се копање ровови, за да се ловат презимените имага; мулч со пченична слама на местата каде се вкопале имага за презимување, собирање ларви и имага директно од растенијата. Агротехнички мерки: длабоко орање и ѓубрење, избор на отпорни сорти, ГМО, трансгени сорти. Биолошки мерки: Beauveria bassiana, предатори Coccinelidae, Pentatomidae, Carabidae. За хемиски мерки инсектициди со различен механизам на дејство поради брзата резистентност кон нив. |
повеќе слики >>
|
|
|