Име на болест: Коњско опавче - Equisetum arvense
Култура: ПЛЕВЕЛИ
Опис: Повеќегодишно растение, високо 10 - 50 cm. Има подземни органи ризоми кои се долги и до неколку метри, а продираат длабоко и до четири метар во почвата. Ризомите се разгрануваат и на нивните задебелувања се развиваат нови растенија. Ризомите даваат два вида надземни стебла плодни и неплодни. Плодните стебла се долги 5 - 30 cm, со дијаметар 3 - 5 mm, со црвенкаста до сивкаста боја, односно жолти или розеви. Имаат околу 5 членчиња. На нив се наоѓаат 6 - 12 листови долги до 2 cm. Неплодните стебла се долги 5 - 50 cm со дијаметар 3 - 5 мм зелени, груби со 6 - 19 членчиња. Имаат многу зелени гранки кои понекогаш и понатака се разгрануваат воглавно во долните етажи. На неплодните стебла има 6 - 18 листа долги до 1 cm. Плодните стебла избиваат пред неплодните, а одумираат по зреењето на спорите. Растението се размножува спорално и вегетативно. Спорите зреат и ртат напролет а се разнесуваат со помош на ветер, вода, животни.



повеќе слики >>

Препарати

DICOPUR TOP 464 SL

DMA EXTRA 600 SL

KOROVICID

MUSTANG

U 46-D

AGROPIN GLIFPIN

BOOM EFEKT

CIDOKOR

DOMINATOR

GLYFOS

GLYPHOGAN 480 SL

HERBOCOR

OXALIS

RANDAP

SIRKOSAN

TOTAL 480 SL

TOUCHDOWN SISTEM 4

CALLISTO 480 SC

DICURAN FORTE 80 WP

LINTUR 70 WG

LOGRAN 20 WG

TENA

TOLURON 80 WP