Средства за заштита: ХЕРБИЦИДИ Активни материи: Triasulfuron; Име на препарат: LOGRAN 20 WG |
Употреба: LOGRAN 20 WG e системичен хербицид наменет за сузбивање на едногодишни широколисни плевели кај житни култури. Содржи 20% активна материја триасулфурон. Плевелите го апсорбираат преку листот и коренот за време од 6 часа по апликацијата. Кај зимски и пролетни форми на пченица, јачмен, рж, овес и тритикале треба да се аплицира од појава на 3 лист па се крај на братење (13 - 30 BBCH) во доза од 25 - 40 g/ha. Дозволена е само една апликација годишно. Потрошувачката на вода треба да изнесува 100 - 400 L/ha. Може да ги сузбие и оние широколисни плевели отпорни на хормонални хербициди: љубичица (Viola arvensis), (Galeopsis tetrahit), камилица (Matricaria spp.), (Bifora radians) и др. Делумно ги сузбива: Avena fatua, Cirsium arvense, Rumex obtusifolius, Symphytum officinale. Ефикасно ги сузбива: обичен штир (Amaranthus retroflexus), (Anagalis arvensis), (Anthemis spp.), (Atriplex spp.), камилица (Matricaria spp.), (Myosotis arvensis), булка (Papaver spp.), (Raphanum raphanistrum), див синап (Sinapis arvensis), (Stellaria media), (Urtica urens), (Xanthium strumarium), дива репа (Brassica napus), овчарска топбичка (Capsella bursa-pastoris), (Thlaspi arvense), (Galeopsis tetrachit), (Artemisia vulgaris), (Plantago major), (Rumex acetosella). Послаба ефикасност поседува кон: (Lamium spp.), (Ranunculus spp.), (Tussilago farfara), (Taraxacum spp.), (Fallopia convolvulus), (Polygonum lapathifolium.), (Senecio vulgaris), (Euphorbia helioscopia), (Spergula arvensis), (Sonchus arvensis), (Fumaria officinalis), (Centaurea cyanus), (Vicia spp.). Предупредување: Во случај на пропаѓање на посевот кој бил третиран со LOGRAN 20 WG потребно е да се направи длабоко орање на почвата а пота може да се направи сеење на пролетени житни култури и пченка. Истата година после жетва може да се посее озима маслена репка, пченица, јачмен а на пролет следната година пченка, соја, шеќерна репка, компир, грашок, грав, лен и житни култури. Каренца: Обезбедена со времето на употреба. |
Добавувач: „ХРОМОС ПЕСТИЦИДИ“ ДОО - Скопје / веб страница Производител: SYNGENTA - Agro AG |