Опис: Двогодишно растение (ретко едногодишно или повеќегодишно), високо до 80 цм. Коренот е вретенаст бледожолт слабо задебелен. Стеблото е исправно разгрането шупливо и влакнесто. Листот е нарежан има типичен мирис на морков. Цветовите се многубројни ситни и собрани во штит. Во средината на штитот цветовите се темни. Цвета летото. Едно растение дава 10000 семки. Листовите и коренот се јадат. Медоносно растение со лековити својства.
|
повеќе слики >>
|
|
|