Опис:
Презимува во стадиум на гасеница во свилеста кокона, сместена под испуканата кора на стеблата или гранките или пак на трулите растителни делови на површината на почвата. Преминот на гасеницата во кукла се случува рано напролет април - мај, а набрзо потоа почнува и летот на пеперутката. Ако се временските услови поволни женката положува 100 - 200 јајца обично на опачината на лисјата. Инкубацијата на јајцата трае 7 - 14 дена, а потоа младите ларви поединачно влегуваат во врвот на леторастот каде што прават ходници долги 5 - 7 см. Поради оштетувањето врвот на леторастот се свиткува и суши, а истовремено поради испуштање на соковите се појавува смолоточина. До својот полн развој ларвата минира 2 - 4 леторасти. По завршениот развој ларвата преминува во стадиум на кукла во која фаза останува 7 - 14 дена, а потоа излетуваат пеперутките на втората генерација. Потполниот развоен циклус за една генерација од јајце до имаго трае во просек околу месец дена, па затоа во зависност од климатските услови во една сезона може да има 4 - 6 генерации. Заради ова генерациите се преплетуваат и пеперутките се во лет во текот на целиот вегетациски период. На температура под 16 степени не положува јајца. |
повеќе слики >>
|
|
|