Опис: Годишно развива повеќе од 5 генерации. Презимува како јајце на зимските жита и треви. За време на топли зими презимува возрасна женка. Целиот живот го поминува на висовите од фам. Poaceae. Колониите ги формира на лисната и класовите. Пренесува вируси, а особено вирусот на џуџесто жолтило на јачменот. За мониторинг се користат жолти водени садови, жолти лепливи плочи, кечер, мрежи, аспиратор, визуелен преглед на вегетативни и генеративни органи на растенијата. Мерки за контрола се - Агротехнички мерки : намалување на ѓубрењето со азот, уништување на плевелните растенија, дозирано наводнување, зимска заштита, минерални масла. Механички мерки : резидба на нападнати вегетативни делови, жолти лепливи траки. Биолошки мерки : стеници, златооки, бубамари. Хемиски мерки : задолжително менување на инсектицидите од различни хемиски групи.
|