Име на болест: Глуварче, обично - Taraxacum officinale
Култура: ПЛЕВЕЛИ
Опис:Повеќегодишно растение без изразено стебло високо до 40 цм. Коренот е вретенест, дебел со жолта боја и продира длабоко. Со режење на коренот се стимулира растот на ковој плевел. Целото растение има млечен сок. Распоредот на листовите е во облик на розета и длабоко се нарежани. Цветовите се жолти собрани во главичасто соцветие широки до 4 цм. Цветната рачка е шуплива и висока 20 - 30 цм. Го опрашуваат инсекти. Плодот е светлосив. Едно растение дава до 7000 семки кои се ртливи до 2, 5 години. Семките имаат уред за летање чадорче па ветерот лесно ги пренесува. Поради длабок корен со негово сечење од него растат нови растенија и тежок е за искоренување. Вегетира и зимото (криофилно растение). Младите листови се богати со витамин ц.



Препарати