Име на болест: Копривно пајаче - Tetranychus urticae
Култура: ЈАБОЛКА
Опис: Јајцата на овој пајак се со топчест облик, на почетокот безбојни а подоцна светло - жолтеникави бои. Ларвите се со жолтеникава боја, со три пара нозе, со величина од 0, 15mm. Протонимфите и деутонимфите се слични на ларвите, a имаат 4 пара на нозе и поинтезивни бои. Возрасните женки имаат јајчест облик, просечна големина од 0, 50 х 0, 30 mm, со зелено - жолтеникава или зелено - сива боја, а мажјаците се нешто помали со шилести делови на страничните делови на телото. Комплетниот развој на овој штетник се одвива на температура од 12 - 40 степени, а оптималната температура изнесува 30 - 32 степени. Траењето на животот на женката изнесува во просек 30 дена, за кое време таа положува 90 - 110 јајца. Од јајцата излегува протонимфа која има 3 пара нозе, од која се развива деутонимфа со 4 пара нозе, и на крајот развиениот облик. На некои растенија овој пајак ги напаѓа само долните делови од листот, додека на други ги напаѓа само горните површини на листот. Произведува пајажина, и преферира млади листови, но кај појаките зарази нападнати се постарите листови. На надворешните површини овој пајак има диапауза, во есен женките го напуштаат домаќинот, и престануваат со хранење и положување на јајца. Активната летна форма преоѓа во зимска. Се повлекува во разни пукнатини од земјата, под листовите и други места на кој ќе биде заштитен. Дел од популацијата на овој штетник останува активен и во текот на зимата, и на крајот од зимата масовно го напуштаат на кои презимуваат и цели колонии од пајакот патуваат према растенијата. Овој штетник е забележан кај преку 150 растенија од економско значење. Штетата ја нанесува со цицање на растителните сокови, при што во растенијата недостасува хлорофил и тие ја губат зелената боја. Симтомите на напад од овој пајак се забележуваат со тоа што на листот наоѓаме хлоротични пеги кои можат да бидат белкастисребренасти или жолтеникави и се наоѓаат помеѓу лисната нерватура и листот изгледа како да е мрамориран.



повеќе слики >>

Препарати

ABALONE 18 EC

ABAMEKTIN 18 EC

ABASTATE 18 EC

KRAFT 1.8 EW

VERTIMEC 018 EC

VERTIMEC 1.8 EC

VOLIAM TARGO

BULLDOCK

DECIS EC-2,5

K-Obiol 25 EC

KOBIOL EC-25

RITMUS

APOLLO 50 SC

ACTELLIC 50 EC