Име на болест: Мува минер на доматот - Liriomyza bryoniae
Култура: ДОМАТИ
Опис: Штетник на доматот, пиперката, краставицата во заштитени простори, но и на отворено. Има 4 - 6 генерации годишно. Презимува во стадиум на кукла во почвата на отворено. Ларвата го поминува целиот живот во паренхимот, се храни со него и најголеми штети прави на штотуку поникнатите растенија во фаза на котиледони. Ларвата целосно ги минира котиледоните и преку лисната дршка се вбушува во стебленцето, тоа се превиткува и се суши. Штетите во овој период се големи и треба да се направи нов расад. При производство на отворено штетите се незначителни. За следење на мувата минер на доматот се користат жолти водени садови и визуелен преглед. Агротехнички мерки се со употреба на плодоред, обработка на почвата, откинување и спалување на минираните листови. Механички мерки се поставување на голем број жолти лепливи плочи и жолти водени садови во расадот. Биолошки мерки се интродукција на природни непријатели паразитски осички: Dacnusa sibirica, Dygliphus isaea, а со хемиски мерки се употребуваат на инсектициди.



повеќе слики >>

Препарати

ABALONE 18 EC

ABAMEKTIN 18 EC

ABASTATE 18 EC

KRAFT 1.8 EW

VERTIMEC 018 EC

VERTIMEC 1.8 EC

VOLIAM TARGO

KAPIN 2,5 EC

KARATE ZEON 5 SC

KING

MARKATE 100 CS

SPARVIERO 10 CS

TORNADO 5% EC

LANATE 20 L

LANATE 25 WP

METHOMEX 90-SP

METOMIL 90 SP

NEOMYL 90 WP

PILARMATE