Име на болест: Копривно пајаче - Tetranychus urticae
Култура: ДОМАТИ
Опис: Копривниот пајак е штетник на градинарските култури во заштитени простори и на отворено. Има 6 - 10 генерации годишно, презимува како возрасна женка. Штетите ги прави имагата и ларвата со својата исхрана. Листот пожолтува, се суши и опаѓа. Намалувајќи ја асимилационата моќ на растението придонесуваат за намалување на приносот, плодовите остануваат ситни и со нетипична форма. Постојат мерки со кои се контролира присуството на штетникот. Од агротехнички мерки: уништување на плевелите, отстранување на заразените растенија. Биолошки мерки со интродукција на предаторските пајаци: Phytoseiulus persimilis, Amblyseius cucumeris. Хемиските мерки се со употреба на инсектициди со акарицидно дејство.



повеќе слики >>

Препарати

ABALONE 18 EC

ABAMEKTIN 18 EC

ABASTATE 18 EC

KRAFT 1.8 EW

VERTIMEC 018 EC

VERTIMEC 1.8 EC

VOLIAM TARGO

BULLDOCK

DECIS EC-2,5

K-Obiol 25 EC

KOBIOL EC-25

RITMUS

APOLLO 50 SC

ACTELLIC 50 EC