Опис: Припаѓа во осите листарци. Осичките се со големина 6 - 7 мм и летаат меѓу цветовите крајот на април и почеток на мај и полагаат јајца во цветните чашки. После 6 - 18 дена се исполуваат ларвите, кои бушат тесни и долги канали под покожицата на плодот. Овие канали подоцна обложени со плута можат да се забележат при берба. Подоцна пагасениците се вбушуваат во внатрешноста на малите плодови кои обично опаѓаат. Една пагасеница може да уништи 3 - 4 плода. Кога плодовите ќе паднат, пагасеницата ги напушта и се вовлекува во земја, каде презимува во запредок, а се будат во пролет. |
повеќе слики >>
|
|
|