Опис: Едногодишно растение високо 10 - 55 цм. Стеблото е исправено, голо, на пресек округло со долги гранки. Листовите се пересто разделени, тесни, мазни и со мирис на камилица. Цветовите се собрани во главица кои во средината се жолти а на краевите бели. Цветовите се на долгите рачки. Цвета од мај до август. Дава до 5300 семки. Растениетио е лековито и се култивира. Преносител на нематоди. |