Опис: Првите симптоми се јавуваат во вид на хлорозни дамки на листовите. Дамките имаат неправилен облик, ограничени се од нерватурата па стануваат издолжени честопати и споени. Во почетокот дамките се воденести потоа пожолтувааат и најпосле добиваат црвена боја и се обрабени со посветла зона. Заразите можат да настанат и на стеблото посебно на интернодиите. За заштита се препорачува употреба на здраво и дезинфецирано семе, заорување на стрништето, поретка сеидба и употреба на фунгициди. |
повеќе слики >>
|
|
|