Средства за заштита: ФУНГИЦИДИ
Активни материи: prochloraz;
Име на препарат: MIRAGE 45 EC

Употреба:

MIRAGE 45 EC е фунгицид со протективно и куративно дејство кој во својот состав содржи 450 g/L прохлораз. Наменет е за сузбивање на сива пегавост на пченицата и јачменот (Septoria tritici и S. nodorum), мрежеста пегавост на јачменот (Pyrenophora teres) и пепелница на стрни жита (Blumeriela graminis). Се препорачува третирање при првата појава на симптоми. Количеството на употреба треба да изнесува 1 L/ha со потрошувачка на вода од 200 - 400 L/ha. Кај вишната наменет е за сузбивање на кафеава трулеж (Monilia laxa) со превентивно третирање во текот на цветање па се до прецветување. Се употребува во количество од 0,5 L/ha со потрошувачка на вода од 1000 L/ha.


Предупредување:

Дозволени се две апликации во текот на годината на една иста површина.


Каренца:

35 дена за пченица и јачмен. Кај вишната каренцата е обезбедена со времето на примена.



Добавувач: ТДПТУ „АЛГИНА“ДОО - Скопје
Производител: ADAMA MAKHTESHIM Ltd Израел / веб страница