Опис: На инфекција најпрво се подложни приземните и подземните органи на растението, иако инфекцијата може да настане и на надземните растителни делови. На младите растенија овој паразит предизвикува симптоми на полегнување и топење на расадот. Симптомите се манифестираат на коренот кој станува кафеав и гнија, при основата на стеблото се забележува една зеленикава, а потоа кафеава воденеста дамка која се шири брзо и гние основата на стеблото и растенијата венат. Гниењето може да се појави и во горниот дел на стеблото, што омекнува и лесно може да се скрши. Плодовите исто така можат да бидат зафатени со инфекцијата додека се сеуште на растението, и во текот на транспортот и складирањето. Дел од растението во почетокот над дамката изумира, а потоа и цело растение. Болеста се појавува во постојани влажни услови и зголемена влажност. Спречувањето на ова заболување е тешко, бидејќи долго време се одржува во почвата патогенот. Превентивни мерки би биле со отстранување на заразените растенија, остатоците, плодоред, дезинфекција на почвата и регулирање на топлотниот и водниот режим. Од инфекции по воздушен пат треба да се превземат мерки на прскање со соодветни фунгициди. |
повеќе слики >>
|
|
|