Средства за заштита: ФУНГИЦИДИ Активни материи: Iprodione; Име на препарат: IPPON 500 SC |
Употреба: IPPON 500 SC содржи активна материја ипродион од класата на дитиокарбамати во концентрација од 500 g/L. Се препорачува за сузбивање на сиво гниење (Botrytis spp.) кај виновата лоза во количество од 75 - 100 ml за 100 L вода во период од зреење до берба. Дозволено е да се употреби еднаш до два пати а потоа се препорачува да се продолжи со препрат кој не припаѓа на класата на дикарбоксимиди. Кај коскестите овошни видови се користи за сузбивање на кафеавото гниење (Monilinia spp.) во количество од 75 - 100 ml за 100 L вода. Дозволени се 2 - 3 апликации во интервал од 7 - 10 дена, четири недели пред берба. Потоа треба да се продолжи со препарат кој не припаѓа на класата на дикарбоксимиди. Кај јагодата и бобичестите овошни видови се препорачува за сузбивање на сиво гниење (Botrytis spp.) во количество од 100 ml на 100 L вода. Со третирање може да се започне во период на почеток на цветање во интервал од 7 - 10 дена во смена со други препарати. IPPON 500 SC може да се користи и во постбербениот приод за заштита на плодовите од гниење кај јаболчестите и коскестите овошни видови. Предупредување: Каренца: 1 ден |
Добавувач: ТДПТУ „АЛГИНА“ДОО - Скопје Производител: AGRIPHAR S.A / веб страница |