Средства за заштита: ФУНГИЦИДИ Активни материи: Iprodione; Име на препарат: GRISU |
Употреба: GRISU е фунгицид со активна материја ипродион 500 g/L, наменет за контрола на сиво гниење Botrytis, црна дамкавост (Alternaria spp.) и бела мувла (Sclerotinia spp.) кај јагода (на отворено и во заштитен простор), домати (во заштитен простор), карфиол, прокељ, кромид, зелена салата (во заштитен простор и на отворено), малина (отворено) и маслодавна репка. Кај доматот, карфиолот и прокељот се препорачува во доза од 1 L/ha. Кај јагодата, малината и маслодавната репка во доза од 1,5 L/ha а кај салатата 0,05 L/ha со потрошувачка на 100 L вода. За заштита на доматот од сиво гниење (Botrytis cinerea), Grisu треба да се аплицира во доза од 1.0 L/ha во заштитен простор. Третманот нуди заштита и од црна дамкавост (Alternaria spp.). Препаратот треба да се аплицира на почеток на цветање и да се повторува на 14 дена по потреба. дозволени се до 4 апликации во сезона. При силен напад од Botrytis третманот треба да се повтори на 7 дена а при силен напад од Alternaria на 10 дена. Потрошувачката на вода треба да изнесува од 600-1000 L/ha за да се обезбеди добра покриеност. За заштита на јагодата на отворено и во затворен простор од сиво гниење (Botrytis cinerea), Grisu треба да се аплицира во доза од 1.5 L/ha. Третманот истовремено обезбедува и заштита од црна дамкавост (Alternaria spp.). Потрошувачката на вода треба да изнесува од 600-1000 L/ha. Првиот третман треба да се направи во фаза на бела пупка и да се повтори на секои 10-14 дена во периодот на цветање. Дозволени се до 4 апликации на отворено и до 3 апликации во затворен простор. За заштита на маслодавната репка GRISU треба да се аплицира во доза од 1.0 -1.5 L/ha во 200 - 600 L/ha вода. За заштита на карфиол и кељ од црна дамкавост (Alternaria brassicae и A. brassicicolа) се препорачува доза од 1.0L/ha со потрошувачка на вода од 200 to 600 L/ha. дозволени се до 3 апликации во интервал од минимум 21 ден. Кај салатата се користи за контрола на сиво гниење (Botrytis cinerea) во доза од 0.05 L во 100 L вода. При апликација на GRISU не треба да се надмине волумен од 1000 L/ha ( што одговара на доза од 0.5 L/ha). За заштита на младите растенија од салата со развиени три ливчиња потребни се 5 L вода за 22 000 растенија. За растенијата кои имаат од 6 - 8 листови со 5 L можат да се истретираат до 5000 растенија а кога целосно се развиени со 5 L можат да се истретираат околу 1100 растенија. За салата на отворено и во затворен простор дозволени се максимално 3 апликации во сезона во интервал не пократок од 14 дена. МАЛИНА: За контрола на Botrytis cinerea, се препорачува доза од 1,5 L препарат во 1000 L вода по хектар во период на цветање. Третманот треба да започне на почеток на цветање а по потреба следните третмани да се повторат во интервал не пократок од 15 дена. Дозволени се до четири апликации годишно. ЗЕЛКОВИ КУЛТУРИ (за производство на семе): За контрола на Alternaria brassicae и A. brassicicola, треба да се третира кон крај на цветање во доза од 1 L препарат Grisu во 600 - 1000 L на вода по хектар. Дозволени се до 3 апликации годишно во интервал не пократок од 21 ден. Третираните растенија не треба да се користат за исхрана на човекот и животните. УКРАСНИ ВИДОВИ: за контрола на Botrytis cinerea, се препорачува доза од 0.1L препарат во 100 L вода, кога ќе се појават првите симптоми а потоа по потреба на секои 21 ден. Apply to the point of run off, ensuring good coverage of the plants. Може да се употреби кај следниве украсни видови: Aralia sieboldii, Azalea spp., Begonia rex (cv Fireglow), Chrysanthemum, Cineraria (Senecio sp.) Croton (Codiaeum sp. cv Bravo), Cyclamen spp., Dracaena sp. (cv Redege) Ficus robusta, Fuchsia spp., Hedera minor, Hedera majorImpatiens, parviflora, Kalanchoe spp., Neanthe bella, Pelargonium sp., Philodendron scandens, Pilea cadierei (cv Nana), Poinsettia (Euphorbia pulcherrima), Senecio macroglossus variegatus, Sinningia spp. (Gloxinia). Предупредување: Активната материја ипродион нема дозвола за употреба во земјите од ЕУ! Каренца: Маслодајна репка - 58 дена; Салата на отворено - 21 ден; Салата во затворен простор, проќељ, карфиол, зелкови култури наменети за семе - 14 дена; Малина, кромид - 7 дена; Домат во заштитен простор и јагода на отворено - 3 дена. Кај украсните видови каренцата не се применува. |
Добавувач: ДОО ЕУРОФАРМ ИНТЕРНАЦИОНАЛ - Богданци Производител: SIPCAM S.P.A. / веб страница |