Опис: Едногодишно растение високо 20 - 100 цм. Коренот е вретенест. Стеблото разгрането, обично со долги црвенкасти дамки. Листовите се издолжено елиптични долги 6 - 12 цм, широки 1, 5 - 4 цм. Најшироки се во долната третина. Зелени а на опачината жлездасти. Имаат изразена петелка. Мембранската покривка на составот на листовите и стеблото е без влакненца или се многу кратки. Сложените цветови се гроздасти, цилиндрични и исправени. Плодот е сплескан, округол со светлоцрвеникава боја. Едно растение дава 800 - 1500 семки. Медоносно растение, домаќин на нематоди. |