Средства за заштита: ХЕРБИЦИДИ
Активни материи: Imazamox;
Име на препарат: PULSAR 40 SL

Употреба:

Pulsar® 40 SL е селективен системичен хербицид. Содржи активна метрија имазамокс 40 g/L. Наменет за сузбивање на едногодишни и повеќегодишни широколисни и класести плевели. Добро ги сузбива широколисните плевели: црн штир (Amaranthus blitoides), обичен штир (Amaranthus retroflexus), нивски слачец (Bylderdyckia convolvulus), бела лобода (Chenopodium album), обична татула (Datura stramonium), обична гола пиперка (Polygonum persicaria), полски синап (Sinapis arvensis), црн зрнец (Solanum nigrum), обична чичка (Xanthium strumarium). од теснолисните плевели ефикасен е во сузбивање на: сив мухар (Setaria glauca), зелен мухар (Setaria verticilata), див коштан (Sorghum halepense). Ефикасен е и кон пелинска амброзија (Ambrosia artemisifolia) и сина китка (Orobanche cernua). Се користи кај луцерка, соја, грав, грашок и NS RIMI-хибриди на сончоглед (хибрид толерантен спрема хербицидите од групата на имидазолини) како и сорти ориз отпорни на имидазолини. Кај оризот се користи во доза од 0,875 L/ha со додавање на 0,5 L/ha DASH. Се спроведуваат 2 третирања без да се надмине максималната доза од 1,75 L/ha на поле. Првото третирање треба да се изврши со појавување на плевелот што коинцидира со фазата на 2-4 листа на ориз. Второто третирање треба да се изврши најдоцна околу 2-3 седмици од првото третирање што се поклопува со средната фаза на пупење на оризот. Кај луцерката се користи во доза од 1,0 - 1,2 L/ha односно 10 - 12 mL на 100 m2 во фаза на луцерката од 3 три листа (13 BBCH). Кај соја, грав и грашок се препорачува доза од 1,0-1,2 L/ha односно 10-12 mL на 100 m2, во фаза на од 1 - 3 три листа (11-13 BBCH) кога плевелите се во фаза на котиледони до развиени 6 листа, а оптимално во фаза на 1-4 листа. Кај сончогледот (NS RIMI –хибриди толерантни спрема хербицидите од групата на imidazolinoni-Clearfield), се употребува во доза од 1,2 L/ha односно 12 ml на 100 m2, со примена кога сончогледот е во фаза на никнување до 3 пара листови ( фази 05 - 15 BBCH), а кога плевелите се во фаза од котиледони до развиени 6 листа, оптимално во фаза на 1-4 листа.


Предупредување:

Во посеви на соја, грав, грашок и сончоглед во стресни услови може да предизвика минлива фитотоксичност, која се манифестира со блага хлороза и краткотраен застој во порастот, што не се одразува на развојот и приносот на посевот. При негова апликација да се спречи занесувањето на капки на соседните осетливи растенија, а особено на лиснатиот зеленчук и шеќерната репка. Може да биде фитотоксичен во комбинација со инсектициди од групата на карбамати и органофосфати. Токсично делува кон живите организми од водата и затоа неговата употреба треба да биде оддалечена од места каде во близина има површински води.


Каренца:

35 дена за соја, грашок, грав, луцерка. Кај сончоглед каренцата е обезбедена со времето на употреба. За ориз 90 дена.



Добавувач: „ХЕМОМАК ПЕСТИЦИДИ“ ДОО - Велес / веб страница
Производител: BASF AGRO - B.V.