Име на болест: Рѓа на сливата - Puccinia pruni-spinosae
Култура: СЛИВА
Опис: Кај сливите главно се манифестира на лисјата и едногодишните ластари, а кај кајсијата, праската и бадемот на сите зелени делови. Од лицето на лисијата се забележуваат многубројни ситни, тркалезни, во почетокот жолтеникави, а потоа црвеникави дамки, кои личат на убоди од инсекти. Паразитот презимува во вид на телеутоспори во опаднатите листови од сливата, кои се извор за зараза на преодните домакини. Масовни зарази се остваруваат при температура од 20 до 23с и влажно време. Инкубациониот период трае 14 - 70 дена. Заштита. Одгледување на отпорни сорти, избор на проветрени локалитети за насади, заорување на опаднатите листови. Превентивно прскање со препарати врз база на цинеб, беномил, триадимефон и други.



повеќе слики >>

Препарати

AZIMUT TRIPLE

CIMOFOL

FOLPAN 50 WP

FOLPAN 80 WDG

FORUM STAR

GALBEN F

MELODY COMBY 65.3 WG

MIKAL FLASH

MIKAL PREMIUM F

RIDOMIL GOLD COMBI 45 WG

SHAVIT F 72 WDG

SOLOFOL

VINCARE WG