Опис: Пеперутка чии предни крила имаат распон од 11 - 14 мм, со сива боја со црни пруги неправилно распоредени. Во мир пеперутката ги држи крилата во вид на покрив. Ларвите се разликуваат од ларвите на прасковиот свиткувач (која е ружичаста) со боја на чоколадо и посветли интерсегментарни линии, видливи кога ларвата е во движење. Се јавува во две генерации годишно. Презимува како ларва од прв рзвоен стадиум, учаурена во свилеста кокона сместена во рачвите на гранката. Напролет во мај и јуни ларвите се вовлекуваат во леторастите и прават исти штети како прасковиот свиткувач и оштетуваат од 3 - 4 леторасти. По завршениот развој се вовлекува во пукнатините на кората или на листовите каде запредува тенка кокона , преоѓа во кукла која по 10 - 12 дена станува пеперутка. Летот на пеперутката е во јули кога полага јајца на листовите. По 10 - 15 дена излегуваат гасениците кои се вовлекуваат во плодовите каде го завршуваат развојот, а потоа излагаат за преоѓање во кукла. Летот на пеперутката од втората генерација е во август и даваат ларви кои презимуваат. |
повеќе слики >>
|
|
|